Skip to content

15 инспиративни цитати за дождот

Дождот е природен феномен кој е од огромно значење како за човечкото општество, така и за природата. Егзистенцијата на многу живи суштества зависи од дождот. Кај некои луѓе дождот предизвикува среќа и смиреност, додека кај други може да биде причина за депресија.

Извлековме неколку цитати кои ни укажуваат на важноста на овој феномен за човекот. Овде можеби ќе го најдете вашиот омилен цитат за дождот.

1. „Дождливите денови треба да ги поминете дома со чаша чај и добра книга.“ – Бил Вотерсон

2. „Ми се допаѓа кога паѓа силен дожд. Звучи како бел шум насекаде, што е како тишина, ама не е празна.“ – Марк Хадон

3. „Некои луѓе чекорат под дождот, други само се намокруваат.“ – Роџер Милер

4. „Во сечиј живот мора да падне дожд. Некои денови мора да бидат темни и тмурни.“ – Хенри Лонгфелоу

5. „Секојпат кога врне, почвата ја брои секоја капка за да знае точно колку пати треба да му се заблагодари на Бога.“ – Мехмед Мурат Илдан

6. „На кој јазик паѓа дождот во измачените градови?“ – Пабло Неруда

7. „Дождот еднакво паѓа и врз праведните и врз неправедните и никој не може да објасни зошто.“ – В. Сомерсет

8. „Дождлив ден на плажа е подобар од било кој сончев ден во канцеларија“ – непознат автор.

9. „Дозволете ѝ на насмевката да ви биде чадор, па ќе завршите со лице полно дожд.“ – Џорџ Карлин

10. „Дождот исцртува светлина и темнина врз нејзиното и моето лице, како да сме зад решетки.“ – Најл Вилијамс

11. „Толку многу болка може да се најде кога врне дожд.“ – Џон Штајнбек

12. „Понекогаш ни врни во душите само затоа што не успеваме да ги зауздаме нашите емоции.“ – Куртис Тајрон Џонс

13. „Ниту една боја на чадор не е важна под пороен дожд.“ – Мехмед Мурат Илдан

14. „Тивкиот дожд ги допира моите образи како бакнежи од ангел.“ – Аманда Мошер

15. „Оние кои го мразат дождот, го мразат животот.“ – Дејан Стојановиќ

Прочитајте ги овие инспиративни цитати за ноќта.

Напишете коментар