Skip to content

Џамлии и бонбони – Поучна приказна

Во градината си играа едно девојче, кое со себе имаше неколку бонбони  и едно момче кое во рацете држеше неколку џамлии.
“Ќе ти ги дадам сите џамлии, ако ми ги дадеш сите бонбони.“  Рече момчето одеднаш. Девојчето се согласи.

Но, Иако ги вети сите свои џамлии , момчето ја задржа најубавата и најголемата за себе. Девојчето пак, како што вети, му ги даде сите бонбони кои ги имаше – од првата до последната.
Таа вечер, момчето никако не можеше да заспие. Се превртуваше и  прашуваше дали можеби и девојчето, како него, си ја беше зачувало најубавата бонбона за себе. Девојчето  пак, слатко спиеше.

Порака: Доколку, во било која сфера од животот, онаму каде што треба да се дадете 110% задржувате дел, секогаш на крај, пред спиење ќе се прашувате дали и другата страна го прави истото.

Прочитајте ја и приказната за загорениот леб.

Напишете коментар