Skip to content

Поинаков дожд – Сузана Божиновска

  • by

Дождот може
да паѓа со денови.
Деновите може да траат долго.
Долгото може
да изгледа вечно.
Но колку и да е долго
колку и да изгледа вечно…
Еден ден ќе престане!
Но што да правиме
со дождот во нас?
Има дождови
кои за жал никогаш не престануваат.
Има дождови
кои никогаш не ја пресушуваат душата.
Тие дождови се вечни дождови!
Дождови со кои
ДУШАТА ПЛАЧЕ!

Напишете коментар