Skip to content

Не дозволувајте им на лошите навики да пуштат корени (кратка поучна приказна)

Еден прилично богат човек имал син единец. Желба му била неговиот син да израсне во чесен човек и од еден мудар човек побарал да разговара со неговиот син и да го насочи во животот. Стариот човек пришол и го однесол момчето на прошетка за да поразговараат. Шетале низ градината кога одеднаш стариот човек застанал и го замолил момчето да откорне една млада билка покрај стазата.

Момчето ја зел билката и со леснотија го направил тоа што му го рекол човекот. Продолжиле да шетаат кога старецот повторно застанал и го замолил момчето да откорне уште еден билка, овој пат малку поголема. Момчето повторно ја извлекло билката заедно со коренот, без мака.

„Искорни ја сега онаа грмушка таму“, рекол старецот. Овој пат не било лесно, но после видливиот напор, момчето повторно успеало. „Искорни го сега она стебло“, покажал старецот покрај патеката по која чекореле.

„Тоа е невозможно!“, рекло момчето, а старецот го погледнал одобрувачки и му рекол: „Така е и со лошите навики. Кога си млад лесно е да ги отстраниш, но кога ќе остариш и кога лошите навики ќе пуштат корени тешко е да се искоренат. Затоа не чекај лошите навики да пуштат корени во твојата душа. Напушти ги додека сè уште имаш контрола над нив или тие ќе ја преземат контролата над тебе“.

Прочитајте ја и  поучната приказна „комуникацијата е битна“.

Напишете коментар