Skip to content

Светилиште – Славко Јаневски

Видрина черупка крај водоврика
стоногалки посветиле.

Во секоја своја Света Недела
на бог стоножник му се молат
со троа нозе да ги збогати.

Ќе побрзаат и ќе стасаат
од онаа страна на столетието.

Можеби таму
на грутче бакарно под камен
замок ќе изградат.
Не високо.
Колку до небото.

Над нив  на патерици
вчерашник се упатил
кон мртви боишта.

Ако веќе еднаш бил роден
можеби ќе си го најде гробот
и заборавените соништа
со кои како жив
надежите си ги потпирал.

Напишете коментар