Skip to content

Еден спомен – Сабахета Мерсими

  • by

Еден спомен остана на сите,
да го паметиме без разлика на вера
да му се гордееме…

Еден спомен остана од ликот ангелски
од добрина исткаена
и медовина од говорот негов
во секоја душа озрачена.

Еден спомен вечен од пораки,
ќостек исплетен вечно да се носи,
никогаш од него да не се оделиме
како поклон вреден

Еден спомен остана на едно момче
младо со негови зборови
со кој знаеше да опива да,
останеш нем и чекаш утеха..

Да запре лудило од погрешни патеки
да сменат млади кон спортување и дружење,
смерот кон хуманоста и дарување,
опростување и заборавање..

И после толку години
спомени на него не стивнуваат,
останаа болки по еден анѓел
од една земја мала шарена
и убава од градот мал рај
и смирај за душа.

Ангел и сега, од небо нè чува,
потсетувајќи да не погрешиме…
И никој не знам дали ќе се роди
како тоа дете без да го знаеш
да му се гордееш
и од него пример да плетеш.

Младите сега да учат
од една ѕвезда која беше родена,
оставени пораки на сплотеност,
почитта кон секого и љубов,
и црвеното злато од вените
секогаш да, даруваат…

Сабахета Ета Мерсими

Напишете коментар