Skip to content

На убавината – Маја Малиновска

И служев на убавината,

На исконот,

На светоста, на поезијата.

Се заморував од неправдите

Кои грдотија впиваат од усните

Не се предавав на светот

На бесполезноста од металот;

Убавината  останува во воздухот

Не можам да ја допрам

Ја вдишувам

Слуга сум на пропорцијата

Во порите ја исцртувам

Гени, во гените ја закотвувам

Каде ли си моја исткаено Афродито?

Се скри ли во пената на мочуриштата

Затскриена зад маски,

Се заплетка меѓу жбунот

На лагата

Еден поглед на славеј

Ја открива твојата музика

Еден допир на јоргован

Ја воскреснува

Твојата слобода,

Дојди при мене

Да ја допреме вечноста.

Напишете коментар