Skip to content

Октомвриска – Гане Тодоровски

Од „во утрините“ – (1951)

На портата тропал ветрот разјарен,
достасан од пусто, обелено поле.
Пред портата стенкал смрзнатиот ден
врз портата снегот снегулчиња солел

На портата тропал полицаец див
со стокмена в раце крвожедна пушка.
Зад портата молчел борец горделив,
со натегнат шмајзер до градите гушнат

На портата тропал…Но кус рафал сал
се огласил диво в пустелија ладна;
на портата тропал. Но в миг замолкнал.
– Пред портата срушен крвожедник паднал.

На портата стивнал…Во гората в миг
грмеж, рафал бурно пак наеднаш екнал.
Партизанот таму денес победник,
на стражата будно нов тиранин чекал.

Поезија (1990)

Напишете коментар