Skip to content

Артур Рембо – Сонувано во зимско време

Жан Никола Артур Рембо (20 октомври 1854 – 10 ноември 1891) — француски поет, познат по неговото влијание врз модерната литература и уметност, а особено надреализмот. Иако сѐ што напишал е во период од само три години (од неговата 16. до 19. година), неговото влијание на модерната литература, музика и уметност е огромно, распространето и од непроценлива вредност. Роден е на денешен ден во 1854 год.

Уживајте во неговата песна, Сонувано во зимско време, посветена За неа….за некоја девојка која го пленила неговото срце.

Сонувано во зимско време

За Неа …

Зиме ќе влеземе во еден мал вагон розов
со перничиња од сино платно.
Ќе се сместиме. Гнездо за бакнежи во возот
е во секое аголче матно.

Ќе замижиш за да не гледаш низ џамот како
сенките однадвор ни се клештат,
тие лоши и прости страшилшта на мракот,
црни волци и други црни нешта.

Ќе сетиш како нешто те полазува сета….
Еден мал бакнеж, како бубалка што прета,
ќе ти протрча лудо низ вратот…

Ти ќе ми речеш: „Барај“ наведнувајќи глава,
– и ние долго ќе ја бараме таа мрава
што многу го заплеткува патот….

Препев: Паскал Гилевски

Прочитајте и Артур Рембо – Париска оргија.

Напишете коментар