Skip to content

Лебеди – Лиана Даскалова

Кошулите таткови белоснежни
прилегаат на лебеди нежни,

со ракави широки, свилени –
лебеди волно раскрилени.

На јажето е обесена
и една кошула наресена,

кратка и жолта, позлатена,
помеѓу штипките фатена.

Напишете коментар