Skip to content

„TrashTour: The Movie!“, документарен филм од еколошкото движење „За Почиста Македонија“

„TrashTour: The Movie!“ е краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој беше спроведен во период 24–29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип. Зад овој проект стојат луѓето од еколошкото движење „За Почиста Македонија“.

За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 г. со цел преку активно дејствување да ги инспирира и мотивира граѓаните да се активираат во решавање на проблемите со несовесно фрлање ѓубре и да ја преземат одговорноста во свои раце. „TrashTour е проект кој имаше за цел да го прошири ова движење и надвор од Скопје“, велат организаторите. Повеќе информации можат да се најдат на нивните профилни на фејсбук, инстаграм или вебсајт.

Краткометражен филм со силна порака за подигање на свеста кај луѓето за почиста и поздрава околина

„Овој филм има едукативен карактер и има за цел позитивно да влијае врз целокупниот менталитет и апатијата која граѓаните ја имаат спрема проблемите со ѓубрето, но и да испрати порака дека промени во ова поле се можни доколку граѓаните се активираат кон нивно остварување“, истакнуваат членовите од движењето.

Нивниот слоган гласи: „Не барај човек за пример, биди примерот!“, а ние порачуваме дека оваа порака е многу моќна и сите треба да се водиме според неа.

На видеото подолу може да го погледнете филмот TrashTour: The Movie!

Напишете коментар