Skip to content

На Италија

Потковица која носи среќа

На човекот, на светот, на новините во преродбата

На сите поколенија кои од славниот Енеја водат род

Ромул и Ремус од кои едниот го обиколи славниот Рим

И стана господар на светот

И стана откривач на светот

Колумбо, џеновскиот светилничар на морски струи,

Поло, патникот со источни записи

Тој, ненамерникот

Како оној кој лежи во Амбоаз

Целиот Лувр што го блеска.

Света Столица на Западниот свет

Од Авињон во Рим што Катерина Сиенска ја врати

Стигмата на рацете во Асиси и Пелтечина

Со љубов кон Бога ти ја плати.

Данте ни ја покажа патеката на љубовта

Кон Беатриче и Бога

Сите гревови смртни ги фрли

Во длабоката вода.

Кога се рузурна славната Помпеја

Се разлеа срцето на Енеја

Империјата која го прослави зборот

Се сруши од север и од раздорот

На  големите градови држави

Во кои Ренесансата хуманоста ја величи

На големите Медичи.

Сите патишта кон Рим водат

Сите светски бродишта натаму бродат.

Напишете коментар