Skip to content

Предлог за мини-серија: „Невиниот“ (The Innocent) базирана врз истоимениот роман од Харлан Кобен

„Невиниот“ е мини-серија во Шпанска телевизиска мистерија-трилер во режија на Ориол Пауло и според истоимениот роман од Харлан Кобен. Во серијата играат Марио Касас, Александра Хименез, Аура Гаридо, Хуана Коста, Хозе Коронадо и други. Серијата првпат е емитувана на Нетфликс на 30 април 2021 година.

Во главната улога е Марио Касас (Матео Видал) кој учествува во тепачка и поради несреќен случај кој завршува со убиство завршува во затвор. После четири години поминати зад решетки Матео добива нова шанса и можност да си го среди животот. Во едно вечерно излегување со брат му, ја запознава Ева и се вљубува во неа, но наредниот ден таа нема да се појави на договорениот состанок. Животните патишта повторно ќе им се спојат, а потоа Ева му станува жена и кога се подготвуваат за преселба во нов дом очекувајќи го нивното дете еден телефонски повик ќе го промени целиот развој на настаните.

Мини-серија која го задржува вниманието од првата до последната епизода

Со неверојатни пресврти и возбудливи случувања прикажани во само 8 епизоди оваа серија го задржува вниманието на гледачот. Главниот протагонист Марио Касас (Матео Видал) мора да ја докажува својата невиност неколкупати. Тој ќе открие дека сè што му кажала сопругата било лага, а после нејзината потресна исповед коцките се поклопуваат и клопчето се одмотува. Зошто го лажела и што се случувало пред тие да се запознаат?

Дали вистинската љубов ќе победи накрај или сплетките ќе ја отрујат нејзината чистота и невиност? Мини-серија базирана врз психолошки роман (трилер-мистерија) која прикажува многу повеќе од насилни сцени, убиства и самоубиства. Пораката е дека сите имаат минато, грешките од минатото можат да се поправат, но тоа ќе нè следи постојано. Траумите од детството го прогонуваат човекот постојано, но секој заслужува шанса за да почне од почеток.

И кога мислиш дека си расчистил со минатото – тоа повторно тропа на вратата

Што би изгледале во осумте епизоди и што да очекувате од серијата погледнете на официјалниот трејлер. Не е типична лимонада која порано се прикажуваше на ТВ екраните. Моја топла препорака е за оние кои сакаат шпански серии со загадочна содржина.

Напишете коментар