Skip to content

Чекајќи го синот – Анте Поповски

„Сите патеки во пеколот да би раззеленеле чекајќи те“
(Ирска здравица)

Таа со бела шамија на главата
Тој со бели коси
Седнати еден спроти друг

Под дрвото во дворот.

Таа чита некое старо писмо од синот
Тој пие ракија.

Слушаат како вие песот кај соседите
Гледаат како се прибираат птиците под стреата.

Седнати еден спроти друг
Таа загледана во светулките зад него
Тој во бигорните крстови зад неа.
Сите патеки во пеколот раззеленеа
чекајќи го.

Љубопис (1980)

Напишете коментар