На Жорж Санд – Алфред де Мисе

Поезија полна со емоции после раскинот со Жорж Санд, чијашто љубовна приказна можете да ја прочитате тука, Мисе ја пишува оваа хармонична и емотивна исповест. Уживајте!

На Жорж Санд

Пак си тука, мила, во мојата ѕвездена ноќ
синоок ангелу, со старата љубовна моќ,
изгубена моја, љубов моја чемерна!
Мислев срцево ќе те колне и мрази цел век,
но ете пак пред мене стоиш со поглед мек,
и пак ми легнуваш в постола, ти неверна!

Сал два збора ми кажа –  и на цел свет станав крал!
Раката ја стави врз срцево, полно со жал:
длаби подлабоко, заврши го своето дело!
Никогаш верен љубовник, кој в љубов барал почин
не испил толку сладости од потемни очи,
и не допрел со земен бакнеж поубаво чело.

Препев: Паскал Гилевски

Може да ја слушнете и рецитацијата на „Сети се на мене“ од овој поет, тука.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!