Skip to content

Младост – Ацо Шопов

Секоја утрина се будам млад како сонцето
што далгите на сонот ги позлатува.
Како успокојува таа младост непрестајно раѓана
и со каква надеж обогатува!

Но минат бргу миговите на утрината
и еве: веќе и пладне наближува,
една мисла бавно над ведрината
потајно се спушта и загрижува.

А кога во ноќта како пред огледало
минатото се слее со иднината,
беспоштедно ме прогонат во мракот
двете будни очи на вистината.

Но утредента пак станувам пробуден од сонцето
што далгите на сонот ги подмладува,
па не знам дали од љубов или од омраза
со таа младост за сè ме наградува.

Напишете коментар