Skip to content

Имре Кертес – првиот Унгарец – добитник на Нобеловата награда за литература

Имре Кертес (Будимпешта, 9 ноември 1929 – Будимпешта, 31 март 2016) – унгарски писател, романописец, новинар, добитник на Нобелова награда за литература во 2002 година. Според соопштението на Нобеловиот комитет, наградата ја добил поради „пишувањето за кревките искуства на човекот спроти варварската арбитража на историјата“. Имре Кертес е првиот Унгарец – добитник на Нобеловата награда за литература.

Животопис

Како унгарски Евреин, уште како дете, во 1944 година, Кертес и целото негово семејство биле депортирани во логорот на смртта Аушвиц, а оттаму во логорот Бухенвалд, во Германија, каде што ја дочекал слободата во 1945 година. По војната, тој се вратил во Унгарија, каде што во 1948 година почнал да работи како новинар во весникот Világosság, но во 1951 година добил отказ, иако истата година ѝ пристапил на комунистичката партија. По двете години поминати на отслужување на воениот рок, Кертес започнал да работи како самостоен писател и како преведувач не германските автори, како: Ниче, Шницлер, Хофманштал, Фројд, Рот, Витгенштајн и Канети, кои извршиле големо влијание врз неговото дело.

Творештво

Најпознати дела на Кертес се:

„Бесудбинство“ (Sorstalanság), 1975

„Извидник“ (A nyomkereso), 1977

„Пораз“ (A kudarc), 1988

„Кадиш за нероденото дете“ (Kaddis a meg nem született gyermekért), 1990

„Англиското знаме“ (Az angol labogó), 1991

„Бродски дневник“ (Gályanapló), 1992

„Холокаустот како култура“ (A holocaust mint kultúra), 1993

„Некој друг: Хроника на метармофозата“ (Valaki más: A változás krónikája), 1997

„Моментот на тишина додека казнениот одред го полни оружјето“ (A gondolatnyi csend, amíg kivegző oztag újratölt), 1998

„Јазикот на прогонетиот“ (A száműött nyelv), 2001

„Eine Gedankenlänge Stille“ (збирка есеи).

Неговите книги се преведени на повеќе јазици, како: германски, шпански, француски, англиски, чешки, руски, шведски, хебрејски итн.

Напишете коментар