Skip to content

Петар Петровиќ-Његош, еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност

Петар II Петровиќ Његош, световно име Раде Томов Петровиќ (Његуши, 13 ноември 1813 – Цетиње, 31 октомври 1851), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош. Tој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност.

Кратка биографија

Неговото родено име било Раде, а како дете бил овчар на падините на Ловќен. Неговиот чичко, митрополит Петар I, го забележал бистриот ум на Раде и го повел со себе во манастирот на Цетиње, кога Раде имал 12 години. Во манастирот, Раде научил да чита и да пишува, го учел рускиот јазик, подоцна и италијанскиот. Покажал голем интерес за народните песни, па и самиот почнал да пишува стихови. Учители му биле Јосип Троповиќ и Сима Милутиновиќ Сарајлија, кој при крајот на 1827 година се нашол на Цетиње.

Во 1827 година, митрополитот Петар I го определил Раде за свој наследник, а по неговата смрт во 1830 година, Раде со неполни седумнаесет години станал Петар II, духовен и световен владетел на Црногорците. Во тој момент Црна Гора била разединета и затворена од сите страни, без централна државна организација, а школувана личност била голема реткост. Племињата станувале едни против други, крвната освета била честа, а околните непријатели, посебно турските паши, ги поткупувале селаните со леб и жито за да се кренат против власта.

Првите политички чекори

Прв политички чекор на Његош било протерувањето на гувернадурот. Потоа го создал Сенатот, нешто како влада и врховен суд од 16 членови, составен од најугледните Црногорци. За да воспостави ред во Црна Гора вовел т.н „гвардија“, нешто како полиција и суд, и некој вид на дворска стража, т.н „перјаници“.  Создал и народна каса за купување храна во неродни години, за купување оружје и за заем на оние на кои им било најпотребно. Отворил училиште, создал печатница, започнал со изградба на патишта, бунари и складови. Његош започнал да внесува граѓанска култура и писменост, а Црна Гора почнала да се отвора кон надворешниот свет.

Данокот кој го вовел Његош за да се спроведат сите овие реформи, не бил дочекан со широки раце од црногорските племиња. Ријечката нахија кренала бунт, но владиката успеал да се пресмета со бунтовниците. По дваесет години поминати на чело на Црна Гора, Петар II Петровиќ Његош умира од болест во 1851 година. Закопан е на Ловќен, на место кое самиот го одбрал за свој гроб, а денес таму се наоѓа неоговиот мавзолеј.

Книжевна дејност

Еден од неговите учители, Сима Милутиновиќ, придонел кај Петар да се појави љубовта кон народната поезија, а го потикнал и кон пишување. Милутиновиќ најверојатно го упатил кон митологијата и класичните нешта. Од него младиот Петар го добил „Митолошкиот речник“ кој бил полн со архаизми и нови зборови. Врз книжевниот опус на владиката Петар влијаел и Лукијан Мушицки, кој во 30-те години на 19 век бил популарен поет. Класичната хеленска поезија ја читал во руски превод, а еден дел од Илијадата од руски ја превел на српски јазик.

Владиката Петар бил под влијание на античкиот класицизам. Како што се развивал неговиот поетски талент, тој сè повеќе се ослободувал од тоа влијание. Неговото најдобро дело, „Горски венец“ има возвишена дикција и потсетува на грчките трагедии. Делото има самостоен карактер и е непосреден продукт на црногорската народна култура, дух и јазик. Покрај рускиот, владиката ги владеел францускиот и италијанскиот јазик, а на тие јазици ги читал најголемите поети и мислители.

Почетоците и веќе изградениот поетски стил

Петар почнал да пишува песни уште како дете, меѓутоа тие биле кратки и го немаат онаа значење од подоцнежниот период кога владиката се јавува како изргаден поет. Првите негови песни биле напишани во духот на црногорската народна поезија и честопати биле опеани со гусла. Сима Милутиновиќ во својата збирка на народни песни, внел пет за кој тврдел дека се на владиката Петар. Во 1834 година, Петар објавил две збирки на песни во кој веќе се надзирал генијалниот поет на Луча микрокозма и Горскиот венец. Од песните во кој преовладува длабок и храбар смисол за лиризам, се истакнуваат: „Црногорац к свемогућем Богу“, „Вјерни син ноћи пјева похвалу мислима“ и „Ода Сунцу“. Во сотанатите песни се опеваат современите црногорски јунаштва и биле создадени во духот на народната песна.

Владиката Петар, во текот на постојаните борби со Османлиите, страствено ги сакал народните песни, ги собирал и создавал нови. Покрај двете збирки на песни, подоцна објавил уште две кратки спева со истиот дух и размер: „Кула Ђуришића“ и „Чардак Алексића“.

„Слободијада“ – еп во кое се слави црногороската победа над Османлиите и Французите

Во 1854 година, бил објавен епскиот пев во девет пеења „Слободијада“, во која се слави црногорската победа над Османлиите и Французите. Владиката Петар сакал својата „Слободијада“ да ја посвети на рускиот престолонаследник Александар II, меѓутоа тоа не му било дозволено бидејќи руската цензура дала негативана оценка за делото владиката на Петар. Вук Караџиќ сметал дека владиката Петар ги опеал и новите борби на Црногорците. Владиката, исто така, собирал црногорски народни песни кој ги објавил во збирката Огледало српско (во збирката се содржани и неколку негови авторски песни).

Владиката Петар своето творештво го започнал скромно, поддржувајќи ја народната поезија или современата лирика, каква што пред него пишувал Лукијан Мушицки и неговите приврзаници. Со текот на времето мислата на владиката Петар силно се развила. Тој преку читање и размислување, навлегувал подлабоко во поголеми, тешки, морални и филозофски проблеми. Во последните седум години од својот живот, тој ги создал своите три главни дела: „Луча микрокозма“, „Горски венец“ и „Лажниот цар Шќепан Мали“ (Лажни цар Шħепан мали). Други поважни негови дела се: „Цетинскиот пустиник“ (Пустињак цетињски), „Лијек јарости турске“, итн.

Напишете коментар