Skip to content

Есенска за нас двајца – Анте Поповски

Да се молчи,
да не се засилува огнот со железо,
да не се загризува неначнат леб,
да не се оди по главни друмови,
да не се гледа во ноќното небо,
небаре непознати,
како никогаш да не се виделе,
како никогаш да не се дпреле:

сега сме два живи камена,
некогаш сам ветар меѓу нив
ќе се провира и пишти…

„Ненасловена’ (1988)

Напишете коментар