Skip to content

Пријателка-сродна душа – Ана Дедова

  • by

(НА: Лидија Размоска – Тримовска)

Не те познавам,
но знам, друштво ти прават
листот хартија и острото перо
на твоето биро од чувства,
што едвај чекаат да заиграат
во ритамот на твоето срце.

Не те познавам,
но ја почуствував топлината
што излегува од тебе,
светлината на твојата душа
и јасно е сѐ-ти си чудесна!

Ти не ме познаваш,
а ја отвараш врата од својот живот,
ме дочекуваш со широко
раширени раце
и полна трпеза внимание.

Не се познаваме,
но сепак пронајдовме
нешто заедничко што ќе опстојува
што за навек ќе нѐ поврзува
и нашето пријателство ќе трае.

Лидија Размоска - Тримовска

Лидија Размоска – Тримовска

Напишете коментар