Skip to content

Виножито— Матеја Матевски

По тревата плиска пролетниот дожд
во здрачно виножито
Лакот свој тоа оросен го крева
над липата
и во вршките гине

Пеперугата од тревите полетува
по трагите на божилото
Но кој може да помине по патот на водата
и светлината
што те оплодува од века
со недосегливоста своја

Пекај по тоа за што се радуваш
за сенката на убавата измама
што те мами во својата самотија

Пред мене растат згустените бои
во недофат
Трепери материјата на таа игра
во која се губи кутриот летач
но не се предава во својот тетерав устрем
Како ни оково што не се ведне
пред овој измамнички дожд
под тремот

Напишете коментар