Skip to content

Неколку цитати од Барух Спиноза, роден на денешен ден

Барух де Спиноза,  подоцна Бенедикт Спиноза (24 ноември 1632 – 21 фебруари 1677) бил холандски филозоф со еврејско потекло, претставник на филозофијата што ја развил под директното влијание на рационалноста на Декарт. Неговата филозофија е исто така под влијание на еврејската мисла, Платон, Аристотел, стоичките филозофи, неоплатонистите и средновековната мисла. Неговите главни области на интерес биле метафизиката, епистемологијата, психологијата, етиката, политичката теорија и филозофијата на религијата.

Спиноза беше еден од најзначајните и доследни претставници на рационалистичката и монистичката филозофија. Неговата мисла, претставена во главниот дел „Етика“, имаше многу значајно влијание врз европската филозофија. Критичкиот однос кон Библијата и Талмудот предизвика гнев во теолошките кругови, а во 1656 година еврејската заедница го анатемиса и го избрка од своите редови. Неговото учење често се поистоветува со пантеизам. Се смета дека тој бил една од најзначајните фигури на рационализмот од XVII век.

Спиноза го нарекува врховното битие терминот „Бог или природа“ („Deus sive Natura“), што укажува дека во неговата метафизика Бог и природата се едно исто. Ова се потпира на неговиот став дека Бог има тело. Природата е Божјо тело, односно самиот Бог и секое битие или нешто е дел од Бога .

„На вашето прашање дали имам толку јасна претстава за Бог како за триаголник – одговарам: да. Но, ако ме прашате, дали имам толку јасна претстава за Бог како за триаголник, тогаш ќе одговорам: не, немам.“

„Нека биде проклет и дење и ноќе. Нека биде проклет и кога легнува и кога станува. Нека биде проклет и кога поаѓа и кога доаѓа! И Господ никогаш да не му прости! Нека одмаздата и гневот на Господ горат против овој човек кој врз себе ги навлече сите проклетства кои се напишани во Книгата на законите и нека се уништи неговото име!“ – Вака еврејската заедница го екскомуницирала Барух (Бенедиктус) Спиноза, познатиот мислител и филозоф, роден во 1632 во Амстердам. Спиноза починал во 1677 година во Хаг.

Прочитајте неколку негови цитати од кои уште подобро ќе ја запознаете неговата филозофска мисла:

1. Душата не се победува со оружје, туку со љубов и благородност.

2. Кога љубовта сака да зборува, разумот мора да молчи.

3. На луѓето најмногу им пречи доколку со нив владеат оние што им се рамноправни.

4. Малкумина се оние кои умеат да ги поднесат сопствените маани кај другите луѓе.

5. Проблемот кај многу луѓе е тоа што сакаат да им бидат учителите на другите, а всушност уште долго треба да бидат ученици.

6. Мене не ме вознемирува смртта, туку умирањето.

7. Среќата е отсутност на болка.

8. Ревносно се обидував да не го исмевам човековото однесување постапки, да не го сожалувам и да не го презирам, туку да го разберам.

9. Освен Бог, не може да постои ниту може да се замисли ниту една супстанција.

10. Ако сакате иднината да биде поразлична од минатото, не заборавајте на минатото.

11. Зависта е омраза што влијае толку многу врз човекот што тој тагува за среќата на другиот, а се радува на неговата несреќа.

12. Желбата е суштината на човекот.

13. Не жалам за ништо. Тој што жали за тоа што го сторил е дупло понесреќен.

14. Најважното достигнување што човечкото суштество може да го постигне е да научи да разбира, бидејќи да разбере значи да се биде слободен.

15. Не сакаме нешто затоа што е добро. Напротив, ние велиме дека нешто е добро затоа што го сакаме тоа.

Прочитајте Неколку цитати од големиот српски реформатор Вук Стефановиќ Караџиќ.

Напишете коментар