Во тишината – Цане Андреевски

Понекогаш е толку тихо
во полето на нашето чувствување,
и како ветки есенски, оголени
стрчиме без тревожното бранување.
Умората ги дипли своите пласје
врз крилјата на нашите лудувања,
тишината со здивот свој ги гаси,
ги ништи и најмалите жеднувања.
И боли таа тишина несакана
со тоа спокојство натежнато и камено,
па тогаш пчела сум – во мракот изгубена,
скаменета во својата осаменост.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!