Skip to content

Болот на розата – Симона Цаневска

  • by

Ја нурнав четката во шаренилото на палетата. Таа ја собра сета величенствесност и ја преточи во слика, а на сликата нежно се споија две души кои прегрнати нурнаа во тајните на љубовта. Во мигот на глувата ноќ, во часот на најдолгата ноќ…Ја слушнав песната која ме понесе низ калдрмите на страста и љубовта. Да зачекориме смело кон оформување на ново поглавје од новата книга иако сме свесни дека нешто е погрешно, дека сепак на крајот од сето тоа ќе изгубиме нешто или пак самите себе. Зошто мора да е сè така црно?

Зошто животот знае да биде толку суров и да ни го земе и тоа мало парче среќа? Влегов во свет во кој пристапот ми беше забранет, еден лажен свет во кој постои само залажување и лажни ветувања. Очите покажуваат колку всушност си среќен или пак несреќен. Очите плачат, срцето се кине од твоите зборови, зборови кои засекогаш ќе останат врежани во срцето. Се кине на два дела, во едниот дел ти и твоите зборови а другиот од солзите пролеани за тебе, за твоите лажни ветувања. Живеев само за да го остварам својот сон, тој сон исчезна заедно со тебе. Со тоа исчезна и мојата желба повторно да сонувам.

Никогаш не ја направив твојата грешка со која успеа да ме турнеш во длабочините на црните мисли, во свет во кој полека но сигурно тонам. Посакав и ти да бидеш дел од мојот сон, заедно да го делиме успехот заедно да го оствариме сонот. Сакав да пробам нешто кое што беше налик на најубавата роза во мојата градина, без да размислам дека и таа роза еден ден ќе овене заедно со мене. Паѓаат солзи, а истовремено паѓа и свенатата роза.

Напишете коментар