Skip to content

Како да се избегне пандемијата според Ошо?: „Не постои никаков поопасен вирус од стравот“

„Како да ја избегнам пандемијата?“ – Ова прашање му било поставено на индискиот учител Ошо пред отприлика 40 години во периодот на појавата на АИДС.

Ошо одговорил: „Поставувате погрешно прашање. Вистинското прашање би требало да биде: „Како да се избегне стравот од смртта предизвикана од пандемија?“

Бидејќи е многу лесно вирусот да се избегне многу е тешко да се избегне стравот во вас и во светот. Луѓето повеќе ќе умираат од овој страв отколку од пандемија. „Не постои никаков вирус на овој свет поопасен од стравот. Сфатете дека постои овој страв  инаку ќе станете мртво тело пред вашето тело да умре. Страшната атмосфера којашто ја чувствувате во тие моменти е колективно лудило.

Се случило илјадапати и ќе продолжи да се случува. И ќе продолжи ако не ја разберете психологијата на толпата и стравот. Стравот обично го држиш под контрола, но во моментите на колективно лудило твојата свест може целосно да се изгуби. Нема ни да знаеш кога си ја изгубил контролата над стравот. Тогаш тој страв може да те натера на сè. Во таква ситуација дури можете себеси да си го оздемете животот или да посегнете по туѓ.

Внимание, бидете внимателни! Не гледајте вести кои го покренуваат стравот, не зборувајте за нив. Престанете да зборувате за пандемија. Да се повторува постојано исто нешто одново и одново е како самохипноза. Стравот е еден вид самохипноза. Оваа идеја ќе предизвика хемиски промени во телото. Ако ја повторувате истата идеја постојано ќе започне хемиска промена која понекогаш може да биде толку токсична што може да ве убие.

Во текот на пандемиите енергијата во дел од светот стануват ирационална. На тој начин може да западнете во “црна дупка“ во било кое време. Медитацијата тогаш станува заштитна аура која ниедна негативна енергија не може да ја пробие.“

Извор

Напишете коментар