Skip to content

Како пајачињата го украсиле Божиќ – Германска легенда

Многу одамна во Германија, една жена ја чистела куќата за Божиќ. Сите пајаци што биле во куќата за да му избегаат на метлата, побегнале и се скриле во поткровјето.

На Бадниковата вечер полека слегле да ѕирнат што се случува во дневната и кога ја здогледале светкавата Божиќна Елка се воодушевиле. Полека, сите пајачиња радувајќи се, се искачиле врз  секоја светкава гранка на елката, обвиткувајќи ја елката во својата пајажина.

Истата вечер кога Дедо Мраз слегол низ оџакот со подароци за дечињата, слатко се насмевнал кога ја видел радоста на пајачињата, но знаел дека штом стане изутрина, жената ќе се натажи кога ќе ја види елката обвиена во пајажина. Па затоа, замавнал со раката и пајажината се претворила во прекрасни, разнобојни, светкави ленти и елката станала уште поубава.

Така настанала ламетата – оние светкави снопчиња без кои секоја елка е нецелосна.

Прочитајте го и митот за Фама – грчката Божица на лажните гласини.

Напишете коментар