Skip to content

Декември – мирисаш на надеж ти – Ирена Блажеска Дончева

  • by

Овие денови

Ми мирисаат на надежи низ очите испратени

Во срцата закотвени.

Мириса моќно на гранчиња цимет

Во чајот потопени

Низ топлина разнесени

Мириса на снег

Со мирни палавштини

И слатки  насмевки

Мириса на домови

И мисли низ огниште расфрлени.

Мириса сè на нас

На души полни љубовни воздишки

На срца полни со мотивации

И очи светкави од среќни дни .

Аххх..

Инспирација си ти декември

Инспирација си ти во мислите

Зашто ми мирисаш на убавина

Ми мирисаш на магија

Мирисаш низ целиот свет

Мирисаш на надеж.

Напишете коментар