Skip to content

Песна љубовна – А. Лефкоска

Ме праша зошто си посебна,
Ти реков:
Од очите ти растат цвеќиња,
од усните вино од малини опива,
косата ти е утринска дождовница,
кожава што нежно ја поросува,
мирисот со цветови зборува,
а гласот и ветрот најлут го радува.

Ме праша зошто си посебна,
Ти реков:
Ме смируваш ко песна приспивна,
ме водиш низ секоја бура и неволја,
насмевот твој – сјај во душава,
името твое – едро на ветришта,
целата ти – песна љубовна.

Напишете коментар