Skip to content

16 мисли за одговорноста коишто секој возрасен човек треба да ги прочита

Одговорност е термин кој на повозрасните им е многу познат. Како што созреваме така одговорноста станува поголема со текот на времето. Во денешно време иако дури и најмалите имаат секојдневни обврски кои треба да ги завршат сепак во возрасната доба самиот збор има потешко и поинакво значење. Прочитајте во продолжение што кажале значајните личности низ историјата токму на оваа тема.

1. „Не можете да побегнете од одговорноста за утрешнината избегнувајќи ја одговорноста денес.“ – Абрахам Линколн

2. „Луѓето секогаш велат дека е време да ги менуваат нештата, но всушност мора сами да ги промените.“ – Енди Ворхол

3. „Ако човекот го натоварате со одговорност за која не е вреден, секогаш ќе се изневери самиот себе.“ – Август Хекшер

4. „Јас сум само една, но сепак сум една. Не можам сè, но можам нешто; нема да одбијам да направам нешто што можам да го направам.“ – Хелен Келер

5. „Личност без информации не може да преземе одговорност. Личност со информации не може дане преземе одговорност.“ – Јан Карлзон

6. „Човекот е осуден да биде слободен бидејќи единствено кога е фрлен во светот, одговорен е за сè што ќе направи.“ – Жан Пол Сартр

7. „Волјата да се преземе одговрност за сопствениот живот е избор на самопочитување.“ – Џоан Дидион

8. „Одговорноста се движи чекор по чекор со способноста и моќта.“ – Јосија Гилберт Холанд

9. „Ако преземете одговорност за себе во вас ќе се развие глад да ги остварите своите соништа.“ – Ли Браун

10. „Ниеден изговор нема да ве спаси од прифаќањето на одговорноста.“ – Наполеон Хил

11. „Мерилото на човекот е во способноста да прифаќа одговорност.“ – Рој Л. Хант

12. „Ниедна снегулка не се чувствува одговорна во лавина“. – Станислав Ј. Лек

13. „Одговорноста почнува во соновите.“ – Вилијам Батлер Јејтс

14. „Во гените ни е безрбетната желба да се извлечеме од одговорност, се колнам во тоа, а единствен начин да напредуваме во овој свет е тоа неприкинато да се бориме со природната склоност да бидеме целосно неодговорни. Понекогаш се запрашувам дали таа антипатија кон одговорноста сме ја добиле од ѓаволот кога Ева ја послушала змијата и го изела јаболкото. Во нејзиниот корен е најголемата злоба.“ – Дин Реј Коонц

15. „Цената на големината се вика одговорност.“ – Винстон Черчил

16. „На Земјата не сме дојдени за да си играме. Треба да направиме многу повеќе од тоа. Треба да ги исполниме обврските. На човештвото му се потребни способностите од секој поединец.“ – Арнолд Палмер

Прочитајте ги и следниве мисли за времето!

Напишете коментар