Skip to content

Жената ја створил Бог последна

Жената ја створил Бог последна

За да ги згрижи сите тајни

За да ја обои секоја тага

За да ја натопи секоја жедна уста

Со млеко од божествена амброзија.

Жената ја створил Бог последна

За да биде Атлас кој Земјата ја држи

Да ги лечи раните на сите незнабожци

Да ги успива сите оние кои немаат соништа

Да им влее надеж на сите оние

Кои го напуштиле светов

За да живеат во мракот на

Неутешната тага.

Жената ја створил  Бог последна

Да го ухрани погледот и папокот

Да го зацврсти коренот на човекот

И да ја расцусти пролетта

Во неговата тажна есен.

Жената ја створил Бог последна

За да го продолжи векот

За да опстои светот.

Напишете коментар