Skip to content

„Ослободи се“, најновата песна на Стиховен Калибар со силна порака

Најновата песна „Ослободи се“ од Стиховен Калибар (Горан Јанкуловски) е веќе достапна за слушање. Текстот го напишал Стиховен Калибар, гитара и бас се од Дарко Тасевски. „На човекот најмила му е слободата. Без слобода, човекот – човек не е, за слободата следнава песна ја пее“, е увертира за она што може да се чуе во следните минути.

Стиховен Калибар со римуваните строфи испраќа силна порака за ослободување, за стегите наметнати од општеството, наметнати правила и насоки на дејствување, принудни избори и одлуки итн. Во самиот рефрен се вели: „Не сме ваши робови, не сме ни заморчиња, oтргни се од канџите, грабни ја слободата, не сме ваши робови, не сме ни заморчиња, ослободи се од страв и од тиранијата“.

За каква слобода се бориме и што нè прави слободни во едно вакво време? Ослобоувањето почнува во умот, но нема повеќе да ве оптеретуваме со прашање. Додека секој си го бараме својот одговор ни останува да уживаме во песната!

Напишете коментар