Skip to content

Стиховите за тебе згаснуваат – Никола Миланоски

  • by

Зборови
секогаш вадени од некоја длабочина
тежински гребев со нив по ѕидовите
дебелите ѕидови на твоето срце
искрено посакувајќи те.

Како да си ја казнував сопствената душа
земајќи ја болката
како другар во секојдневието
а таа бавно дробејќи ги сите надежи тивко
играше нечесна игра со животот.

Но, не те топат
не те галат сите мои стихови
па направив едно средување низ мислите
им наредив
остро им заповедав да се оттргнеш
да згаснеш од нив
и да те нема повеќе во моите стихови
ќе пишувам, но јас нема да згаснувам за тебе
САМО СТИХОВИТЕ ЗА ТЕБЕ ЗГАСНУВААТ.

17.07.2020

Напишете коментар