Skip to content

Послание – Блаже Конески

Без вас, Тире и Сидоне,
овде се живеело илјадници години
и пак ќе се живее.
Ние луѓето сме како тревана –
ја газат, се суши, се задушува, гине,
само земјата останува.
Ние луѓето сме како мравине –
ги гмечат, ги ништат и пак се збрале купче.
Одовде тргнал некогаш поход до Инд,
кој можел да го предвиди тоа?
По Via Egnatia Цицерон одел во прогонство
во Солун.
Близу до Драма
призракот на Цезар му се јавил на Брута
под шаторот
спроти решителната битка.
Па се посветиле во Тивериопол
петнаесет маченици.
Наум соградил манастир
на извирот на Белото езеро.
Оваа земја го крепела и Маркота Крале.
И сепак,
зар не доживувала таа униженија?
Зар можело без тоа до зрелоста?
Сето е предвидено –
ние си одиме,
а земјата останува.

Напишете коментар