Skip to content

Безграничен звук – Руми

Седиш тука со нас, но истовремено си надвор
и шеташ по ливадата взори. Ти самиот си
ѕверката што ја ловиме кога одиш со нас на лов.
Ти си во твоето тело како што растението е цврство во тлото,
па сепак си ветар. Ти си облеката на нуркачот
оставена на морскиот брег. Ти си риба.

Во океанот има многу светли предели
и многу темни предели, како вени што се гледаат
кога ќе се подигне крилото.
Твоето тајно битие е крвта во нив, во вените
кои се жици на тамбурата што ја прават музиката на океанот,
не умирањето на брановите што се кршат, туку звук без брегови.

Напишете коментар