Skip to content

За зборовите на песната – Гане Тодоровски

Пред да влезат
Во широкиот двор на песната
Зборовите прилегаат
На ненабрани капинки.
Трње од недоразбирања
Им ја штитат сладоста!
Тие едвај успеваат
Да ја успокојат пустелијата.
Капинката е капинка
Само кога е набрана.
Песната е песна
Само кога е извлечена
Пред трњето на душата.

Напишете коментар