Skip to content

Избор поезија: „Целиот живот“ од Рабиндранат Тагоре

Целиот живот со своите песни те барав тебе.
Од врата до врата ме водеа тие и само со нив го чувствував,
го спознавав и го допирав овој свет.
Сето она што го знам го научив од своите песни; тие ми открија
патеки таинствени и многу ѕвезди ми приближија
во видокругот на моето срце.
По цели дни ме водеа кон таинствата на земјата на радоста
и болот, и најпосле, пред портите на каква ли палата ме доведоа
во овој самрак, на крајот од патот мој?

Напишете коментар