Skip to content

Во теснецот – Ирена Белешковска

  • by

Пливање на суво и на гладно срце
со тескобна кожа и поматен ум,
ракотворби се дните и одот по друм
и душата пука по рабови кроце.

Лета умот кон надеж за сонце во ноќ
прета телото на душекот тенок к’о лед,
а пак маката зимува на гради од мед
барајќи ја срж’та на здравје и моќ

Ќе облее лице рој солзи со копнеж
за утра со песна оросени со сјај
што шепотат нежно дека не е крај
низ залезот со пурпур и ноќта со надеж.

Напишете коментар