Skip to content

Наградата ,,Бели мугри” за 2021 ја доби Славица Урумова Марковска

Славица Урумова Марковска e добитничка на наградата „Бели мугри“ за 2021 година. Свеченото доделување се одвиваше на манифестацијата ,,Денови” којашто се одржа во ЈУ Дом на културата ,,Кочо Рацин” – Скопје.

Славица Урумова – Марковска е родена во 1987 година во Скопје. Во 2010 година дипломира на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при филолошкиот факултет “Блаже Конески”, а во 2017 година магистрира на Институтот за национална историја, каде што е моментално докторанд на студиската програма Културна историја на Македонија. Работи како наставник по македонски јазик и литература. Вклучена е во повеќе проекти во образовниот процес.

Фотографија од манифесацијата „Денови“

Ланска добитничка на наградата беше Милена Ристова-Михајловска. Наградата „Бели мугри“ е награда за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Наградата се врачува на 20 декември на манифестацијата „Денови“, која оваа установа ја организира традиционално во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.

Напишете коментар