Skip to content

Црнина. Сладострастие – Јовица Тасевски–Етернијан

Таа не ја дочекува ноќта,
туку веќе при самрак
си легнува –
во ковчег
обложен со свила.

Само смртта ми е мила.
– малодушно вели
Јас сум сув лист,
но ниту еден ветер
до сега не успеа
да ме откине од жилавата гранка.

Ти си црн цвет
со опоен мирис
и сјајни латици.
– ѝ шепоти нежно тој,
молејќи ја да му дозволи
да ги помилува
нејзините студени облини.

Извадок од „Исход“

Напишете коментар