Skip to content

Ода на Касандра – Пјер де Ронсар

Убавке, да видиме, дали розата која

утрово расцути со пурпурна боја

кон сонцето јасно, среде птичјиот пој,

не ги изгуби веќе во залезот убав

диплите на својата румена руба

и цветот скап сличен на ликот твој?

О мила, ете, само неколку часа

и глеј, веќе паднаа, не ја красат

розата тие цветови полни зрак.

Ах, за милост природата не знае

кога дозволува секој цвет да трае

сал од утрото до првиот мрак.

Затоа, послушај ме, убавке мила,

додека цутиш со полна сила

и во зеленилото на возраста своја,

собирај ја, собирај ја младоста,

зашто, како и овој цвет, староста

ќе ја скине вчас убоста твоја.

Прочитајте и Пјер де Ронсар; „Кога ќе бидете навистина стара“ и  Пјер де Ронсар; принцот на француските поети во 16 век.

Напишете коментар