Skip to content

Ќе се вратам, некогаш… – Александра Стојановиќ

  • by

Сакам да сум дете,
безгрижно како некогаш.
Злобата да не ја видам
која од човекот блика везден.
Сакам повторно да чекорам
низ патот ѕвезден,
низ бајки и приказни лажни,
нека собере срцето малку сила,
а јас нема да го паметам
овој живот,
исто како во него да не сум била.
Нека ги милува ветрот,
сите луѓе на светот,
добрина нека свие,
во срцата таа силно нека бие.
Тогаш повторно да се вратам,
тука во моето место,
каде што детството среќно го минав,
но сега не како дете,
чуј ме ти свете.
Човекот на своето рамо,
нека понесе колку што може само,
добрина, надеж, љубов
тоа е условот мој
изборот е твој!
Секој е жеден,
да не живее живот беден.

Напишете коментар