Skip to content

Краток новогодишен филм: „Пропаѓањето на Дедо Мраз“ којшто може да го погледнете веднаш

„Пропаѓањето на Дедо Мраз“ е краток новогодишен филм којшто е објавен на јутјуб канал, а креиран е од Роберт Депоа (Robert Depuis). Во главната улога е едно малечко момче кое верува во постоењето на Дедо Мраз, но и на чудовишта и самовили. Цртајќи го неговиот изглед, момчето е убедено дека тој ќе му донесе поклон. Како детските замисли стануваат реалност? Во описот под видеото стои: „Целосното постоење на Дедо Мраз преку вербата на едно момче“. Краткиот филм првпат е објавен во 2018-та година, а од пред две недели повторно е прикачен на јутјуб. Колку е силна детската фантазија и верба? Вечното прашање на кое ни возрасните секогаш не знаат да им дадат најточен одговор на децата е: „Ако Дедо Мраз не постои, тогаш зошто ни носи подароци ако сме умни?“

Погледнете го во продолжение филмот во времетраење од 13 минути.

Погледнете го и краткиот анимиран филм „Потрага по среќа“.

Напишете коментар