Skip to content

15 совети во знак на новиот почеток годинава што треба да ги имаме на ум и да ги применуваме

На самиот почеток од Новата година се потсетуваме на сите важни моменти од претходната којашто вчера ја испративме. Ако некоја желба важи за универзална за сите луѓе од цел свет, таа е да бидеме здрави, живи и сите на број. Потоа следат желбите за среќа, благосостојба, мир и љубов. Нека оваа 2022 година на сите ви ги оствари желбите што ги посакувате, но запомнете дека од вас зависи нивното остварување. Кои совети треба да продолжат да важат во оваа Нова година? Ние подготвивме листа со најважните нешта коишто секогаш треба да ни бидат на ум без оглед кој период од годината е. Прочитајте ги во продолжение!

1. Бидете задоволни со она што го имате

Секогаш може да имаме повеќе, но може да имаме и помалку. Кога сме задоволни и благодарни со она што го имаме, ние сме во добросостојба. Бидејќи лакомоста, неблагодарноста и алчноста водат кон незадоволство, а за радосен живот треба да се сконцентрираме на она што го имаме, а не на она што ни недостига.

2. Здравјето е приоритет, не го занемарувајте

Ако нешто ни стана кристално јасно последниве години, тоа е дека здравјето е најважно од сè. Кога сме здрави можеме сè. Не е залудно речено дека здравиот човек има илјада желби, а болниот само една – да оздрави. Потсетувајќи се на индивидуалните и колективните битки со опасниот вирус во изминативе години, заклучуваме дека здравјето на сите треба да ни биде приоритет. Да се грижиме за себе, да не го запоставуваме телото, а со тоа и духот, како и нашето ментално здравје. Да не ги игнорираме знаците коишто телото ги испраќа. Тоа помни сè, бидете нежни со него, не го игнорирајте и оптеретувајте. Сакајте го своето тело.

3. Бидете си себеси приоритет, но не ги заборавајте и блиските

Кога се ставаме себеси на листата на најважни луѓе во нашиот живот, тоа не е себичност. Би рекле дека тоа е неопходност ако сакаме да постигнеме успех и да ги оствариме сите замисли. Да си бидеш себеси приоритет понекогаш значи дека некогаш треба да кажеш “не“ на некое барање, но значи и дека си одвојуваш време само за себе исполнувјаќи го со активности кои сам ги одбираш. Да си бидеш себеси приоритет не значи дека си себичен туку дека го цениш своето време и одлучуваш како ќе го распределиш. Да се биде приоритетна личност во својот живот не значи дека ги занемаруваш блиските, туку поминувапш квалитетно време и со нив. Секако со добра организација и следење на листата со приоритети.

4. Работете на остварување на целите и не се откажувајте

Откажувањето нека не биде опција никогаш. Дури и кога ќе се откажеме од нешто, тоа нека биде само еден чекор до некој нареден успех. Честопати неуспесите се само дел од патот кој нè води до успехот. Да работиме вредно на остварување на целите, а резултатите нека говорат сами по себе. Некогаш нема да биде лесно. Тешкотијата е знак дека сме на вистински пат. Најхрабрите се оние кои не потклекнале кога било најтешко туку тогаш продолжиле понатаму. Можеме да исполниме сè, само ако никогаш не се откажеме.

5. Бидете си сами свои херои

Во тажните мигови кога помислуваме дека светот се распаѓа ние сме сами со својата болка дури и ако има други луѓе покрај нас. Сами си ги бришеме солзите, а на крајот самите се тешиме давајќи си поддршка и утеха дека ќе биде подобро. Да бидеме херои во сопствените животи бидејќи никој нема да дојде да нè спаси. Тоа мора да го направиме сами.

6. Почитувајте се себеси, но и другите

Почитувајте се себеси доволно за здравјето да ви е приоритет, да се ставите на прво место, да работите на своите цели и да си бидете сам свој херој. Кога се почитувате себеси, почитувајте ги и другите бидејќи на луѓето ширум светот покрај здравје и среќа, им треба и почит.

7. Сакајте се себеси повеќе отколку што мислите дека треба

За ова нема што посебно да се каже нели? Освен дека секој треба да се сака себеси во доволна мера. Не на претерано егоистичен начин, не со потценување на другите. Сакајте се себеси чисто, искрено и со љубовта којашто сметате дека треба да си ја дадете. Кога се сакате на овој начин, ќе можете и кон другите да дарите љубов која им е неопходна.

8. Одвојувајте време за читање и пишување

Овој совет е премногу јасен, се согласувате? Секој човек во текот на денот треба да одвои барем половина час за да прочита некоја книга. Доколку сакаме мислите да ни бидат посредени тогаш најдобр начин за тоа е да водиме дневнеик и да запишуваме сè што мислиме дека треба да биде запишано.

9. Слушајте музика, а понекогаш и танцувајте

Ние луѓето ја имаме таа привилегија да бидеме благословени со музика и да ја доживуваме со нашите сетила поразлично од сите други видови живи суштества. Пуштете си музика барем половина час секој ден, придобивките од слушањето музика се огромни. Некогаш дозволете си да бидете понесени од ритамот и танцувајте, без оглед дали имате талент за танц. Не е важно како изгледате, важно е да се забавувате!

10. Помалку слушајте вести и црна хроника

Лошите вести нема да направат да се чувствуваме подобро. Напротив! Тие лошо влијаат врз благосостојбата и исполнуваат со грижи. За промена, кажете им големо „НЕ“ на вестите или барем ограниченото го слушањето. Црната хроника нека не биде главен дел од нашиот ден. Има толку многу убави нешта за правење наместо следење на лоши статистики презентирани во ТВ приемниците.

11. Покажете им на саканите луѓе колку ви значат

Не кријте ги своите емоции, посебно не позитивните. Една искрена прегратка проследена со убави зборови може да ни го поправи денот на сите. Да им кажеме на најблиските колку ни значат и колку ги сакаме во секој дел од годината, не само на одредени датуми.

12. Не се оптеретувајте со туѓото мислење

Кога со туѓото мислење ќе можете да си ги платите сметките дури тогаш грижете се за него. Не е важно кој и што ќе рече за вас бидејќи тоа е туѓа вистина, а вие си ја знаете вашата.

13. Бидете горди на себе

Не сакаме да се себесожалуваме бидејќи тоа нема да ни донесе ништо позитивно. Си ги броиме малите и поголемите успеси, свесни каде сме биле, каде сме сега и каде сакаме да бидеме. Треба да се чувствуваме горди на себе поради сè она коешто сме го преживеале, не сме се откажале и сè уште се обидуваме. За да се биде горд на себе не треба многу.

14. Бидете си себеси најголема поддршка, но поддржувајте ги и другите

Да се биде себеси свој најголем фан не е себично. Не чекајте поддршка од другите, туку поддржете си се сами. Честитајте си на секоја мала победа и кажете си „Ти успеа!“, „Браво и само напред, јас верувам во себе“. „Никогаш нема да се откажам, колку и да ми е тешко“, звучи многу подобро и поубедливо кога ќе си го кажеме гласно. Но и кога ќе им го кажеме на другите е подеднакво моќно.

15. Имајте чисти мисли и запомнете дека добрината се враќа

Нема ништо подобро од човек со чисти мисли и поденакво чисто срце. Овие луѓе се како сонце и ја огреваат просторијата каде и да појдат. Пробајте да бидете таков човек, ако сè уште не сте. Кога правиме добри нешта тие ни се враќаат со уште подобро во различни облци. Кажете стоп на злобата и прочистете го умот од секоја лоша мисла.

Прочитајте ги следниве 49 совети кои сите треба да ги знаат, а се кажани од старец.

Напишете коментар