Skip to content

New Year’s Day – Тејлор Свифт (песна за првиот Новогодишен ден)

New Year’s Day (мак. На Нова Година) од Тејлор Свифт е последната песна од албумот Reputation и е совршено романтична песна за тоа како еден заљубен пар кој не смее да биде виден заедно, го чисти  заедничкиот стан по дочекот на Новата Година.

Најсрцепарачките стихови во оваа песна се најубедливо оние:

„Ти ги сакам полноќите,
ама ќе собирам шишиња со тебе на Нова Година.”

Сепак, слушнете сами и изберете. Песната е тивка, нежна и совршена за првиот Новогодишен ден, без разлика дали сте заљубени или не.

Напишете коментар