Skip to content

Среќна Нова година – Душко Радовиќ

Трепери ѕвезда со сино око
на небото високо,
прскоти белото патче како патоказ,
ете го Дедо Мраз.

На шубарата снег има
и сињак во своите коси,
отворете ги ширум вратите,
подароци тој ви носи.

Мене кукла бела што може да спие.
Мене една пушка – и лавот да се скрие.
Мене гумена топка.
Мене лак и стрела.

Мене пушка.
Мене топка.
Мене кукла бела.

На сите многу радости,
игри и песни в глас,
Среќна Нова година,
и нам, и вам – и на сите нас!

Препев: В. Б.

Напишете коментар