Skip to content

Да учиш по потешкиот пат – Зен приказна

Синот на еден мајстор за крадење го замолил својот татко да го научи на тајните на занаетот. Стариот крадец се согласил и таа ноќ го повел својот син за да ограбат една голема куќа. Додека семејството спиело, тој бесшумно го одвел својот млад чирак во собата во која имало плакар со облека.

Таткото му рекол на синот да влезе во плакарот за да земе дел од облеката. Кога синот го сторил тоа, неговиот татко набрзина ја затворил вратата и го заклучил. Потоа излегол надвор, гласно затропал на влезната врата, на тој начин будејќи го семејството и брзо избегал пред некој да го забележи. Неколку часа подоцна, неговиот син се вратил дома, изнемоштен и со истуткана облека.

„Татко“, гневно извикал, „зошто ме затвори во плакарот? Да не ме фрлеше во очај стравот дека ќе ме фатат, никогаш немаше да избегам. Ми беше потребна сета моја остроумност за да избегам!“ Стариот крадец се насмеал.
„Сине, ја доби првата лекција од уметноста на крадењето.“

Прочитајте го и написот „Соништата се остваруваат, но не онака како може да ги замислиме – Пауло Коелјо.”

Напишете коментар