Skip to content

На денешен ден во 1818 год. објавен првиот научно – фантастичен роман „Франкенштајн“

Првично објавена анонимно на денешен ден, 13 јануари 1818 година, легендата за тоа како Мери  Шели првпат го замислила „Франкенштајн, или модерниот Прометеј“ е исто толку позната како и Чудовиштето од романот  кое стана вистинска легенда.

Како Мери Шели ја измисли приказната за Франкештајн? 

Eдна темна, бурна ноќ во 1816 година, Мери, нејзиниот љубовник (и подоцна сопруг) Перси Шели и полусестрата на Мери, Клер Клермонт биле во посета на Лорд Бајрон во Швајцарија.

Бајрон, барајќи начин да се забавуваат, ги предизвикал своите гости да напишат приказна за духови. Марија, не можејќи да измисли приказна, се вознемирила сé до една вечер кога дискусиите се свртеле кон можноста за реанимација на мртво човечко месо. Мери, не можејќи да спие, станала опседната од нејзината имагинација се додека не се соочила со мрачните ужаси на нејзиниот буден сон. Таа ќе ги помине следните неколку месеци оживувајќи го својот сон во две тетратки, ревидирајќи ги неколку пати се додека нејзината приказна за ужасот не заврши целесно. 

Комбинација од готски роман и научна фантастика

Франкенштајн на Мери Шели е комбинација од готски роман и научна фантастика. Ја расплетува приказната за научникот Виктор Франкенштајн кој создава грозно чудовиште од парчиња трупови и го оживува. Но, чудовиштето на крајот станува извор на неговата лична мизерија и смрт. Заплетот во романот е епистоларен. Приказната е раскажана во прво лице преку приказните на капетанот Волтон, Виктор Франкенштајн и самото чудовиште. 

Навистина е нестварливо, но Мери Шели го пишува овој роман на само 18 години. Овој роман се смета за првиот роман напшан во жанрот на научна фантастика. Можеби и овој роман е одраз на нејзината меланхолија и неприфаќање која ја чувствува во општеството во кое живее? Мора да остане анонимна кога го објавува делото заради нејзиниот пол, во тоа време често го препишуваат романот на нејзиот сопруг.

Денес, може да го разгледаме овој роман, како роман на новиот свет, свет во кој можеби преовладува науката. Дали можеби во секој од нас живее некакво чудовиште? Дали има многу луѓе кои не се прифатени од општеството во кое живееат или едноставно тие не сакаат да бидат дел од него? Има ли и такви кои не се прифатени од нивните родители?

Прочитајте го овој роман и можете да размислите за сите овие прашања кои толку многу го притискаат модерниот човек.

Напишете коментар