Skip to content

400 години од раѓањето на францускиот Шекспир – Жан Батист Молиер

Денес се одбележува 400-тиот роденден на Молиер – драматург кој многумина го сметаат за француски Шекспир. Еве сè што треба да знаете за човекот кој денес останува централен во француската култура. Денеска ќе беше 400-ти роденден на еден од најславните француски писатели на сите времиња. Кога Французите зборуваат за нивниот мајчин јазик, тие го нарекуваат „јазикот на Молиер“ – со името на овој драматург кој зазема главно централно место во нивната култура, исто како Шекспир во англиското говорно подрачје.

Денес треба да го прославиме овој безвременски драматург, чиј хумор и талент го обликувале и продолжуваат да влијаат на францускиот дух преку кој живее и денес. Еве 10 малку познати анегдоти за животот на авторот на „Мизантроп“.

1. Молиер, што тоа значи?

Од каде доаѓа името на Молиер? Многу локалитети лоцирани во близина на воденици го носат името Молиер. Затоа, Молиер избрал селско име како што беше обичај меѓу актерите од неговото време при изборот на нивното „сценско име“.

2. Нема оставено ниту еден  напишан запис од Молиер напишан лично од него

Нема лично рачно напишани белешки од Молиер. Овој недостаток од негова лична кореспонденција и оригинални документи предизвикува многу шпекулации дури и денес.

3. Корнеј или Молиер?

Во 1919 година, писателот Пјер Луи тврдел дека драмите на Молиер всушност биле напишани од Пјер Корнеј. Оваа идеја, која никогаш порано не била изнесена, прифатена е и денес. Меѓутоа, работата на Флоријан Кафиеро, истражувач во CNRS, и Жан Батист Кам, истражувач во École Nationale des Chartes, со стилска студија докажале дека тоа не е вистина и дека Молиер е навистина автор на неговите ремек-дела.

4. Затворен за голем долг

Длабоко во долгови по хаотичните почетоци на неговата театарска група Illustre Theatre, Молиер бил затворен неколку дена во затворот Шателе и ослободен благодарение на неговиот татко.

5.  Непријател со Расин

Во 1667 година, Расин ја пишува трагедијата Андромаха, неговиот прв триумф. Молиер, кој бил скаран со него веќе неколку години,  пишува критика за ова дело La Folle querelle со кое ја критикува драмата со голема финеса и суровост.

6. Едипов комплекс

„Се оженил со сопствената ќерка!“ Оваа гласина за инцест била толку раширена што Молиер морал да му се објасни на кралот давајќи му ја како доказ неговата крштеница (која оттогаш е изгубена).

7. Смешкометар

Буало, пријател на Молиер, раскажувал дека авторот ѝ читал одредени делови од неговите текстови на Луиз Лефевр, неговата слугинка, и дека, ако таа не се насмеела, тој го препишувал текстот. Во Париз било  вообичаено да се читаат претставите пред да бидат изведени по уличките и салоните. Оваа вежба служела и како изговор за корекции и како средство за будење на љубопитност.

8. Распродадена претстава

Мускетарите, телохранителите, полицијата и војниците гледале претстави без да платат, и партерот бил секогаш полн со нив.  Актерите го натерале Молиер да добие наредба од неговото височество никој да не влегува во Комедијата без да плати. Кралот издал веднаш таква наредба.

9 . Дали умрел на сцена?

Спротивно на гласините, Молиер не умрел на сцена туку дома. Вечерта на 17-ти февруари, по четвртата изведба на Le Malade imaginaire, Молиер доживеал обилно крварење. Авторот веќе страдал од страшна кашлица, но неговите бронхии се наполниле со крв таа вечер. Тој умира без последна исповед, бидејќи свештениците одбиле да дојдат.

10 . Наследство

Со повеќе од 33.000 изведби, Молиер е најигран автор во Француската Комедија, далеку пред Расин (помалку од 10.000 претстави) или Корнеј (околу 8.000).

Прочитајте повеќе за Молиер: Творештвото на Жан Батист Поклен Молиер и Жан Батис Поклен Молиер – еден од најголемите комедиографи на светската книжевност.

Напишете коментар