Skip to content

Огледало

Лик во огледало убавина во проѕирност

Магла, магла од воздишки

Нарцис во очи

Тело во ѕид

Пукнатини од време

Браздни од земја

Поглед во иднина

Со помал обем

Утринско будење

И мирис на загорен леб.

Лик во огледало грдосија од немир

Филтер со колаген

Зелени мечти

И црвена страст.

Ќе ми каже ли некој

Дали сум убава јас?

Напишете коментар