Skip to content

39 романи годинава се во трка за наградата „Роман на годината“

  • by

Во трка за наградата „Роман на годината“ годинава се пријавени 39 романи. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, со жири-комисија во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска-Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, годинава се доделува 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Напишете коментар